🚴♂️ Travelers Cycling Macedonia – Првата мобилна апликација посветена на велосипедистите во Македонија! 🇲🇰
Travelers Cycling Macedonia е апликација креирана за да им овозможи на велосипедистите полесно, побезбедно и поорганизирано движење низ градските и приградските рути. Апликацијата ја поддржува идејата за здрави навики, одржлив транспорт и развој на силна велосипедска култура во земјата. 🌱🚲
✨ Со Travelers Cycling Macedonia можеш да:
• пронајдеш велосипедски патеки и рути
• лоцираш паркинзи за велосипеди
• најдеш сервиси, воздушни пумпи и работи на пат
• откриеш чешми/фонтани и поважни локации за одмор
• следиш временска прогноза
• добиеш препораки за облека според временските услови
• следиш настани и информации за велосипедисти
Мисијата на апликацијата е да го поттикне користењето на велосипедот како здрав, економичен и еколошки начин на движење, да ја зголеми безбедноста во сообраќајот и да придонесе за почиста, поодржлива урбана средина во Македонија.
🔗 Преземи ја мобилната апликација за Android на Google Play, или следете не на веб страницата cycling.travelers.mk и на социјалните мрежи Facebook и Instagram